Набргу по соопштувањето на првичните резултати од изборите за претседател на Црна Гора, беше избришано видеото со поддршка од македонскиот премиер Димитар Ковачевски за губитникот на изборите Мило Ѓукановиќ, кој по 32 години на власт оди во политичка пензија.

Спроти вториот круг, Ковачевски во видео обраќање му даде поддршка на досегашниот црногорски претседател Ѓукановиќ, кое набргу по соопштувањето на конечните резултати експресно беше избришано.

Противкандидатот на Ѓукановиќ, Јаков Милатовиќ убедливо го победи на претседателските избори во Црна Гора, освојувајќи околу 60 отсто од гласовите, а Ѓукановиќ освои околу 40 отсто, објави ЦЕМИ врз основа на на 80 отсто преброени гласови.