Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 37 нови случаи на Ковид-19, починале четири лица, а оздравеле 131 пациент.
Рапидниот пад на новозаразени од коронавирус, неофицијално, се должи на тоа што за време на викенди и празници се пријавуваат само случаите регистрирани во приватните лаборатории, бидејќи државните не работат. Повеќе пати досега по продолжените празнични викенди бројот на новозаразени драстично паѓаше, во споредба со делничните извештаи, а потоа повторно стануваше троцифрен.
Направени се 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-20, во Куманово и во Тетово по тројца, во Струга, Охрид, Гостивар и Кочани по двајца и во Велес, Крива Паланка и Штип по еден.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 131 оздравен пациенит од: Скопје-41, Куманово-34, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-13, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-2, Кочани-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Виница-4, Свети Николе-2, Кичево-8, Неготино-1.
Починати се четири лица, и тоа пациент од Виница (57), двајца пациенти од Охрид (77 и 57) и еден од Струга (74). Од нив тројца се починати во болнички услови, додека еден во вонболнички услови.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на ковид-19, седум деца и седум мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се двајца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.827, бројката на оздравени пациенти е 13.315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.860. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
-Скопје 6.326, активни 540
– Куманово 1605, активни 190
– Дебар 268, активни 35
– Штип 1205, активни 72
– Прилеп 562, активни 133
– Тетово 1304, активни 117
– Струга 627, активни 63
– Велес 288, активни 18
– Битола 245, активни 47
– Охрид 395, активни 58
– Кавадарци 202, активни 30
– Гостивар 856, активни 93
– Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
-Струмица 103, активни 44
-Крива Паланка 83, активни 38
– Радовиш 52, активни 9
-Крушево 18, активни 2
– Кочани 189, активни 53
– Пробиштип 95, активни 18
– Демир Хисар 60, активни 1
– Македонски Брод 84, активни 12
– Пехчево 42, активни 27
– Берово 73, активни 30
– Валандово 11, активни 3
– Виница 94, активни 29
– Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
– Кратово 24, активни 5
– Свети Николе 309, активни 19
– Кичево 290, активни 29
– Ресен 153, активни 6
– Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 464 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 166.356 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Аеродром – 91
• Гази Баба – 73
• Карпош – 67
• Центар – 71
• Кисела Вода – 56
• Чаир – 53
• Ѓорче Петров – 22
• Бутел – 37
• Сарај – 17
• Шуто Оризари – 12
• Студеничани – 10
• Илинден – 10
• Арачиново – 9
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
• Нераспределен-0