Скопјанец пријавил во полиција дека за времетраење на празничниот полициски час непознат сторител извршил кражба во неговиот угостителски објект.

„На 25.05.2020 во 13.32 часот во СВР Скопје, А.М.(43) од Скопје пријавил дека во период од 00.30 часот на 24.05 до 13.00 часот на 25.05.2020 во угостителски објект на ул.„Пушкарска“ во Скопје непознат сторител извршил „тешка кражба“, при што одзел пари и пијалоци“ соопштуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мреки за расчистување на случајот.