Законот за јавно обвинителство повторно ќе се стави на маса пред правните тимови од власта и опозицијата. По последната порака од еврокомесарот Вархеји дека законот за ЈО треба да се стави највисоко на приоритетната листа во пресрет на мајскиот Самит, оптимизам за позитивен исход од преговорите постои. Претседателот на СДСМ очекува поддршка од опозицијата, но доколку ја нема, надеж за да стигне до двотретинското мнозинство најмногу гледа во осуммината пратеници кои гласаа за уставните измени.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека шанси за договор до распуштањето на Собранието има, доколку власта има слух за нивните аргументи… Нјаголемите забелешки на опозициската партија се однесуваат на предлогот сите обвнители од СЈО да се префрлат во обвинителството на Вилма Русковска.
Се додека нема меѓупартиски договор, спикерот Талат Џафери нема да го стави предлог законот во собраниска процедура.
Од Министерството за правда велат дека во собраниска процедура е втората верзија од законот, но таа ќе биде повлечена по многуте амандамни од ВМРО-ДПМНЕ, а новиот трет предлог ќе биде доставен откако ќе се постигне договор. Клучните точки во него се дека Обвинителството за организиран криминал ќе ги преземе надлежностите на СЈО, обвинителите ќе продолжат да ги водат предметите, а 30 дена по гласањето на законот ќе добијат можност да се вработат во обвнителството кај Русковска.