На родители од Исланд неодамна им било забрането да го именуваат синот Луцифер, оти тоа се наоѓа на листата забранети имиња во оваа земја.
Оваа островска држава има прилично строги правила по тоа прашање, па ако некој сака да одбере име за своето дете, треба прво да се обрати кон „Одборот за именувања“. Така, на еден брачен пар барањето за Луцифер им било одбиено. Образложението, очекувано, е „поврзаноста со сатаната”, но и со исландскиот правопис.
„Луцифер е едно од имињата на ѓаволот и веруваме дека би можело да предизвика срам. Освен тоа, не е во согласност со правописот на исландскиот јазик оти буквата „Ц“ не е дел од исландската абецеда”, стои во писменото образложение.
Имено, имињата во оваа земја мора да бидат во склад со јазичните и правописните правила. А, со обѕир на тоа што исландската азбука нема буква „Ц”, името Луцифер е автоматски забрането.
Оваа година на Исланд биле забранети и женските имиња Аријел, Лејди и Зелда, како и машките Аријан, Езра и Сезар.