Украинскиот суд ја забрани политичката партија Наш Крај (На украински Наш край) и нареди запленување на нејзиниот имот на барање на Министерството за правда, известува Раша Тудеј.
– Судот ги задоволи барањата на Министерството за правда на Украина: активностите на политичката партија Наш Крај беа забранети. Имотот и средствата на партијата, нејзините регионални, градски и окружни организации и други структурни единици се пренесени во сопственост на државата, се вели во изјавата од министерството.
Партијата беше регистрирана во август 2011 година под името „Блок партија“ и беше преименувана во „Наш Крај“ во 2014 година. Од 2015 година, партијата се позиционираше како „група на локални лидери и бизнисмени“ кои имаа за цел да избегнат политички игри и интриги, според медиумот РБК Украина.
Само тројца нејзини членови беа избрани во Врховната Рада (украинскиот парламент) како независни пратеници во 2019 година, но партијата доби околу 1,694 места во регионалните администрации за време на локалните избори во 2020 година.
По ескалацијата и воениот судир со Русија во февруари 2022 година, Зеленски ја забрани и Опозициската платформа „За живот“ (ОПЗЖ), втората најголема партија според бројот на местата во Врховната Рада.
Претседателскиот мандат на Зеленски истече на 20 мај, иако тој избра да не одржи избори под изговор на воената состојба воведена по почетокот на конфликтот со Русија.
М.П.