Пензионираниот земјоделски инженер Мехмет Фати (66) и неговата ќерка Фејза Јилдиз од Турција, дипломираа на ист факултет во ист ден.
Како што вели Јилдиз, тие заедно и се подготвувале за испитите.
Таткото и ќерката ги добија дипломите на свечено доделување во Факултетот за исламски науки при Универзитетот на Ушак. Фати, инаку, претходно дипломирал и на Универзитетот Еге, во 1978 година, една година пред неговата ќерка да се роди.
– Мојата ќерка, мајка на две деца, е домаќинка. Сакавме заедно да студираме на Факултетот за исламски науки… Иако одвоено одевме на предавања, секогаш бевме заедно. Навистина сум среќен што можев да студирам со ќерка ми, изјави Фати.
Тој во својот говор пред студентите нагласи дека успехот лежи во многу труд и напорна работа.