Сто милиони евра од Европската банка за обнова и развој како заем треба да помогнат на државата да се справи со проблемите со струја без да смее да ги користи во производтсво на енергија од фосилни горива, како што се јаглен, нафта и мазут.
ЕСМ зема 100 милиони евра заем од Европската банка за обнова и развој, а повеќе од половината односно 55 милиони евра ќе се потрошат за увоз на еколошки произведена струја, дознава ТВ Телма.
Други 24 милиони евра ќе се дадат за враќање на стари кредити, додека над 20 милиони евра се наменети за плати и основни трошоци кои не смеат да се потрошат за производство на струја во РЕК Битола, Тец Неготино или за купување на струја од ТЕТО.
Македонија, најголем дел од струјата произведува токму од фосилни горива, а дополнително е зависна и од увоз на струја.