Светиниколските пензионери со земјоделска механизација го блокираа патот кој води кон клучката за автопатот Свети Николе-Скопје и Куманово.

Децидни се дека барањето им е линерано покачување на сите пензионери од 3.500 денари. Трајче Стаменов пензионер од Свети Николе вели дека со блокирањето на патот сакаат да свртат внимание на надлежните институции.

– Пред се, Министерството за труд и социјална политика, Владата, Здружението на пензионери дека ова што сме го сите побарале да се покачи линерано пензијата на сите пензионери од 3.500 денари го изразуваме на ваков начин, бидејќи досега не наидовме на разбирање. Ние не сакаме 6 посто туку бараме 3.500 денари и во тоа нема да отстапиме, вели Стаменов.

Посочи дека со протестите продолжуваат секој ден пред Здружението на пезнионери, а наредната среда ќе го блокираат патот кој води кон клучката на автопатот Свети-Николе-Штип.

Прашан за најновата одлука на Владата да се формира работна група за донесување на пакет мерки за заштита на пензионерскиот стандар, Стаменов со став дека во работната група треба да има и пензионери кои секојдневно протестираат за линераното покачување на пензиите.

-Треба да влезат пред се од овие луѓе кои се пензионери и не може нивна група да се формира и на тој начин да се донесуваат одлуките. Тоа не е фер, вели Стаменов.

Миле Тралев наставник во пензија вели дека трошоците за живот секој ден вртоглаво скокаат, а со неговата пензија не може месецот да се истера до крај. Светиниколските пензионери денеска добија поддршка и од земјоделците и нивните здруженија.