Зоран Заев денеска на прашање на новинар на српска Политика за тоа како тој кажува кој ќе го води Обвинителството за организаран криминал кога како премиер не учествува во изборот, рече дека тој тоа не го сторил и дека не рекол дека Рускоска ќе го води новот СЈО, туку само рекол дека таа сега го води Обвинителството за организиран криминал.
Еве ја неговата изјава во видео од прилог на ТВ Сител од 19 јули, каде некаде околу 1.17 минути Заев кажува дека „новото ЈО за организиран криминал и висока корупција ќе биде водено од обвинителката Вилма Рускокса која и сега има мандат…“.