Чест ми да зборувам за европските вредности денес, од мојата Струмица, европска Струмица, на овој случаен и симболичен датум – 27 април 2022 година, 5 години од победата на храброста и демократијата, врз стравот и диктатурата кои на денешен ден во 2017 година во македонскиот парламент се обидуваа тогаш да ја завијат Македонија во црно, рече бившиот премиер Зоран Заев за ТВ Сител.
Тој рече и дека денешниот датум 27 април, затоа, е и симболичен датум да му ја честита победата на Макрон.
– Денес, на 27 април, сакам да честитам од тука нов мандат на претседателот Емануел Макрон – тој носи нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа, порача Заев.