ЕУ е најголемиот партнер на С. Македонија и Западен Балкан, објави денеска бившиот премиер и сктуелен претседател на СДСМ, Зоран Заев, кој се заблагодарил на Брисел.

– На самитот на ПЕС – Party of European Socialists, кој се организира во услови на планетарна криза уште повеќе се истакна потребата од солидарност и практична демонстрација на социјалдемократските вредности. Се заблагодарив за поддршката која ЕУ ѝ ја овозможува на нашата земја и на земјите од Западен Балкан. Финансиските пакети, но пред сѐ и отворањето на сите ЕУ механизми инструменти, претставуваат начин на кој ЕУ ја покажува солидарноста не само со своите земји членки, туку и со оние кои претендираат да бидат рамноправен дел од европското семејство.ЕУ е најголемиот партнер на . Македонија и Западен Балкан. На самитот на ПЕС – Party of European Socialists, кој се организира во услови на планетарна криза уште повеќе се истакна потребата од солидарност и практична демонстрација на социјалдемократските вредности. Се заблагодарив за поддршката која ЕУ ѝ ја овозможува на нашата земја и на земјите од Западен Балкан. Финансиските пакети, но пред сѐ и отворањето на сите ЕУ механизми инструменти, претставуваат начин на кој ЕУ ја покажува солидарноста не само со своите земји членки, туку и со оние кои претендираат да бидат рамноправен дел од европското семејство, објави Заев на Фејсбук.