Премиерот Зоран Заев денеска на новинарскои прашањен изјави дека до крајот на денот на неговиот Фејбук профил ќе објави кога точно го пријавил случајот Рекет.
Според него, состанок бил одржан десетина дена пред Орце Камчев да ги однесе документите и материјалите во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
-Точниот датум на состанокот ќе го видам во мојата агенда. Тоа ќе го направам до крајот на денот и ќе го објавам на мојот фб профил за да знаат точно сите граѓани кој точно датум јас сум пријавил во Обвинителството за организиран криминал за сите идниции кои допреле до мене. Состанокот беше одржан во присуство на државниот обвинител и на обвинителката за гонење на организиран криминал, рече Заев.