На средба со новинарите на која се сублимираше 2019 година претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изјави дека е потребна нова лидерска средба кај претседателот за евентуална промена на денот на избори. Воедно смета дека не е време за измени во изборниот законк.

– Кај претседателот на Републиката сите едногласно се согласивме за две пршања. Првото за членството во ЕУ кое е без алтернативно од сите партии, а второто на што се согласивме на 12 април 2020 да организираме предвремени парламентарни избори. Ако се пишмани Заев, не мислам дека треба да држиме еднострани ставови. Би требало да свикаме нов состанок од претседателот на државата за да го оспориме усогласениот датум. И сите би требало таму да ги презентираат таму своите ставови дали се согласуваат или не. Јас би се согласил претседателот на државата да свика состанок. И да ги видиме вистинските причини дали би се согласиле сите да се одложат изборите, рече Ахмети.

Според него, изборниот законик е многу чувствително прашање, затоа што и таа промена треба да се направи со консензус и со согласност на сите политички партии.

– Битно е да има дебата и согласност од сите политички партии. Ова прашање во моментот кога се организираат избори не е време да се отвораат промени во избирачкиот законик. Имате над 20 политички парти во земјава, 24 партии со 24 ставови, кој ќе ги доближи сите тие ставови, дали има време да постигнеме сега согласност,рече Ахмети.

На прашање кој ќе биде прифатлив за технички премиер Оливер Спасовски или Мила Царовска, Ахмети рече дека не добил предлози.

– Треба да имаме средба во согласност со Пржинскиот договор и законот за Влада кој предвидува трите партии да постигнат согласност во однос на министер за внатрешни работи. Јас се уште не сум добил официјални предлози. Секако од опозиција ќе предложи министер и ќе разговараме за најдобро на државата, истакна лидерот на ДУИ.

За принципот победник со победник за составување на Влада по изборите Ахмети рече дека нема потреба да се оптоварува состојбата со ситуации кои биле пробани во минатото како нефункционални, посочувајќи ја 2006 година, кога не била земана во предвид волјата на Албанците и за 15 месеци имало предвремени избори.