Фабриката Европа е нашата Европа дома, порача вечерва премиерот Зоран Заев, кој денеска со група деца беше во посета на скопската фабрика за чоколади.
– Заедно со децата од театарската група „Ветерница“, во фабриката за чоколади Европа, поминавме еден прекрасен дел од денот, кој вистински нè наполни со енергија. Овие креативни деца се дел од нашиот најголем и највреден потенцијал, за кој навистина вреди да се создава, објави во видео-пораката Заев, на својот профил на Фејсбук.
Дали групирањето во фабрика за храна е добар потег во време на строги мерки и дали деца се користат во политичка пропаганда, нека остане да одговорат експертите за овие прашања.