Народот ќе го повикаме да го бојкотира пописот ако во пописната листа нема графа за национална припадност, изјави денеска митрополитот на МПЦ г. Петар.

Тој за ТВ Алфа изјави дека ќе го повикаат народот да го бојкотира пописот, ако на пописните листи не постои графа за национална и верска припадност.

– Ние сме сериозно заинтересирани во најавениот попис да постои графа за етничка и верска припадност за да знаеме колку се православни во Македонија, колку се муслимани како и на другите вероисповеди и религиозни деноминации. Да се постапи така во спротивно ќе биде народот па и ние засегнати не само да не се јавиме на пописот туку и да го повикаме народот во нашите епархии да го бојкотира пописот, рече владиката Петар.