Ги знам сите детали, целосно сум информиран, а кога ќе дојде време јас и министерот (Оливер) Спасовски ќе ги кажеме сите детали од истрагата и за делот на внатрешната истрага на МВР и за делот на Јавното обвинителство, изјави денеска премиерот Зоран Заев за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија.
– Законите во Македонија налагаат дека кога имате налог од Јавното обвинителство истрагата треба да заврши и потоа да бидат соопштени резултатите и ние тоа ќе го почитуваме, изјави Заев.
Истрагата се однесува на прашањето кој и како му помогнал да ја напушти територијата на Република Македонија.