Граѓаните секогаш ја сакале државата, но сега чувствуваат дека и државата ги сака нив е чуството што го добив од жителите на гостиварско Чегране пред кои го промовирав концептот за еднаквост, единство и толеранција, изјави бившиот премиер и актуелен претседател на СДСМ, Зоран Заев.

– И граѓаните Албанци ги имаат сите права во државата и придонесуваат кон стабилноста и економскиот развој, а заедништвото ќе обезбеди траен мир и членство во НАТО и во ЕУ. Заедно со министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми зборувавме и за зголемените плати во здравството, образованието, како и за покачување на пензиите. Нови работни места и инвестиции се мерките кои ќе донесат уште поквалитетен живот за сите, а ќе го намалат иселувањето на младите, објави Заев на Фејсбук.

И така, како во бајките, граѓаните следат нови епизоди од криминалната серија Рекет и уживаат во чувството колку многу се сакани од државата.

(Д.Г.)