Денешните средби на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција со своите колеги од ЕУ во Брисел се оценуваат како клучни за текот на преговорите за името меѓу двете земји. Притоа грчки медиуми не ја икслучуваат можноста Скопје на маса да достави нов предлог. Според нив новиот предлог во себе ќе го содржи зборот Крушево.

Во меѓувреме, како што објави „То вима“ премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас биле во постојана телефонска комуникација во обид да го спасат процесот и „да не се испушти шансата“ за решавање на деценискиот спор.

Според неоофицијални информации, македонската страна, откако Атина без многу колебање го одби предлогот „Република Илинденска Македонија“, што според лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис е „ерга омнес иредентизам“, сега ќе достави нов предлог за име „кое ќе има некаква врска со Крушево“, не се даваат повеќе детаљи само се наведува дека најверојатно ќе го изразува „словенскиот карактер на државата“.

За грчката страна, пак прифатливи имиња се варијанти на „горна, северна или нова“, нешто што во рамката на преговорите го протна посредникот Метју Нимиц и сега е забетонирано и од Грците, но и од повеќето членки на ЕУ и на НАТО.

„То вима “во денешниот напис истакнува дека во секој случај нема да има решение без тоа да е за севкупна употреба и оти најверојатно разговорите се фокусирани на две имиња – горна и северна, при што северна е најизгледна ако се земе предвид дека Коѕијас постојано употребува „нашиот северен сосед“. Нив ќе ги организира група која се нарекува „Комитет за битка за грчка Македонија“.

Инаку денес и утре министерот Димитров ќе биде во работна посета на Брисел каде заедно со шефициата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини, пред Европскиот совет ќе брифира за текот на преговорите за името по последната рунда во Њујорк. Во Брисел ќе биде и неговиот грчки колега Коѕијас, кој по средбата со ЕУ-колегите ќе оствари билатерална посета на Германија при што ќе се сретне со претседателот Валтер Штајнамер и неговиот домаќин Хеико Мас.

Во моментов нема потврда за директна средба меѓу Димитров и Коѕијас иако е многу извесно дека до неа е многу вреројатно дека ќе дојде.