Сакам да го споделам чувството што значи сите 30 лидери на членките на НАТО да дискутираат и да го слушаат мислењето на Зоран Заев од С. Македонија, зашто Бајден, Меркел и Макрон имаат по еден глас во Алијансата колку и Заев.
Ова вечерва го истакна премиерот Зоран Заев на партиската трибина на СДСМ во Валандово.
– Помала земја сме од нивните, но не слушаат, запишуваат и нашите ставови и препораки се дел од политиките на НАТО, рече Заев.
Тој доаде дека со членството во НАТО ја добивме гаранцијата за нашата татковина и дека ги осигуравме безбедноста и стабилноста.
– Се кроеја капи и од надвор и од дома. Денес како членка на НАТО никој не ни помислува да ја дели и распрачува земјата. Конечно имаме имотен лист, безбедноста, сигурноста и стабилноста се осигурани. А НАТО значи и економија и инвестиции и повисок стандард за сите, рече лидерот на СДСМ, Заев.
Како што рече тој, денес освен нашата армија и полиција, „границите и територијалниот интегритет на С. Македонија ги штити и НАТО“.