Никогаш нашата земја немала толку силно изразена поддршка од целиот свет како што ја имаме денес и почит што ја добиваме како народ, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќање на трибината „Најдоброто за нашата општина“ која вечерва се одржува во Валандово.
Според Заев, потврда за тоа е Преспа форумот за дијалог со учество на светски државници, лидери и општественици кои, како што рече, дадоа почит на сето она што го правиме во … Македонија.
– Постигнавме убав баланс со едно општество за сите, за да има мир и соработка, а преку тоа да има посилна економија и повисок животен стандард. Историски проблеми решававме во овие четири години. Постигнавме договори со Грција и Бугарија, ги отворивме вратите, станавме членка на НАТО, денес сите земји членки на ЕУ зборуваат позитивно за Република … Македонија и сите 26 земји членки денес разговараат со Бугарија за да станеме земја членка на ЕУ. Денес сме НАТО, трајно е обезбедена нашата безбедност, нашиот територијален интегритет и го заштитивме идентитетот. Претходно, за сите бевме ФИРОМ, а денеска за сите, за целиот свет вклучително и за Грција сме Македонци со македонски идентитет, рече Заев.

Инаку, тој пред кратко време беше искаран од Грците кога на Твитер напиша „македонска фудбалска репрезентација“.