Имаме најава за договор со Кина за 200.000 вакцини против Ковид-19, изјави премиерот Зоран Заев во денешното гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

– Имаме најава и за договор со Кина за 200.000 вакцини. Тие најавуваат за јануари ама се уште не знаеме, допрва треба да ги разгледаме условите. Кина има 5 вакцини кои ги поминаа фазите на тестирање и веќе се дистрибуираат надвор од Кина и уште 2 кои што се во фаза на тестирање целосно потврдени од СЗО. За нас е тоа важно и важно е час поскоро да стигнат сите вакцини бидејќи ќе се намали притисокот, кажа Заев.