Јас ќе бидам меѓу првите кои ќе ја примат вакцината против Ковид-19, изјави на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев.
Со тоа, како што нагласи Заев, сака да даде личен придонес во борбата против пандемијата.
Претходно, и Филипче и претседателот Стево Пендаровски најавија дека ќе бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат за да бидат пример пред граѓаните.