Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека тој не се слушнал телефонски со Катица Јанева, пред да и биде конфисуван мобилниот телефон.
Тој одговори на новинарско прашање во врска со наводите во некои од медиумите дека вечерта кога се апсеа Бојан Јовановски и Зоран Милески, Јанева пред да и биде одземен телефонот се слушнала со висок екс дипломат и висок функционер од Владата.
-Може да прочитаме се и сешто. Не сум се слушнал со Катица Јанева. Денес може да читате се. Верувам дека граѓаните може да оценат што е што, ако нешто се случило тоа можете сами да го утврдите ќе ги прашате соодветните луѓе, можете да прашате некои дипломати или поранешни дипломати, како што ме прашавте мене, но Јавното обвинителство соопшти дека било во нејзиниот дом, не е извршен претрес, но и е одземен мобилниот телефон со цел да се види нејзината поврзаност или соучество со Бојан Јовановски или пак да се увиди дали таа е злоупотребена, рече Заев.
Заев нагласи дека истрагата треба да покаже каква е улогата на Јанева и додаде дека додека не се докаже дека таа е инволвирана во криминал, важи пресумпцијата на невиност.