Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за ТВ Стар, говорејќи за проблемот со Бугарија, рече дека вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов некогаш премногу ја сака Македонија, ама на погрешен начин.
– Каракачанов ми е добар пријател. Јас знам дека тој ја сака Македонија. Некојпат премногу ја сака, ама на погрешен начин. Треба да ја сака, тоа е убаво. И јас ја сакам Бугарија – одговори Заев на прашањето како ја коментира изјавата на Каракачанов дека сакал Заев да победи на изборите.