Сашо Мијалков немаше друг избор и го стори она што му беше неизбешна опција, се пријави во Јавното обвинителство за организиран криминал и со тоа е обезбеден неговиот притвор, рече премиерот Зоран Заев вечерва пред Владата.
Тој потенцира дека брзата мобилизација на сите институции ги елиминираа сите можности тој да ја напушти државата и дека за овој успех дадоа придонес и за надлежните министерства, институции, судот, обвинителството и како резултат на тоа се избегнати нови потенцијални ризици.
Порача дека Обвинителсвото и Суддот неговото пријавување не треба да се сметаат за олеснителна околност, ниту за овој ниту за друг случај, затоа што не треба да се заборави дека тој не беше достапен до правосудните органи и полцијата.
Најави доследно испитување на одговорноста и потенцира дека правдата е обезбедена и дека ќе ја има почесто и ќе следува ваков одговор на институциите.
-Јас Зоран Заев ве гледам во очи и ви кажуам дека компромис за правда нема и нема да има, порача премиерто пред медиумите.
Мијалков, кој е обвинет во предметот Таргет – Тврдина, денеска попладе сам се пријави во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција и при тоа му беше врачено решение за определена мерка куќен притвор.
– Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот, наведоа во соопштение од Обвинителството