Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запалил додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар.
Според информациите, пожарот избувнал за време на движењето на автобусот. На социјалните мрежи и во медиумите се појави видео од инцидентот, на кое се гледа автобусот зафатен од пламен.
Поради интервенцијата, сообраќајот на делницата Тетово–Гостивар се одвивал отежнато во изминатите часови.
Причините за пожарот засега се непознати. Повеќе информации се очекуваат од надлежните институции.




