Премиерот Зоран Заев најави дека бил постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата и таа во иднина ќе изнесува 14.500 денари.

Во моменот минималната плата изнесува 12.507 денари.

– Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари, и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега ја зголемуваме дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува 14.500 денари, изјави Заев.

Потеницра дека до крајот на мандатот се надева дека ќе ја постигнат целта минималната плата да достигне 16.000 денари, а просечната 30.000 денари.