На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот Зоран Заев одговори дека таквиот вид болници не се поставувале со дозвола, туку со решение за примопредавање.
„Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници. Ова беа модуларни контејнери и за нив има примопредавање, а не употребна дозвола“, одговори Заев, и притоа додаде дека со слична постапка се поставуваат и маси пред кафулиња.
По ова тој иронично додаде: „И што треба сега, сите да се посипеме со бензин и да се самозапалиме“?
Изјавата можете да ја слушнете и погледнете на следниов ЛИНК.