Денеска, 4 февруари, на денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело – Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.
– Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност. Идеалите и заложбите на овој великан, како што се наведува, се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја, која денеска е дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз НАТО и земја која чекори кон членство во ЕУ, наведува Заев.
Премиерот Заев, за денот на раѓањето на великанот, „чествуваше“ само на Фејсбук. А за чествување на роденденот на македонскиот апостол испрати заменик- министер да однесе цвеќе на гробот во црквата Свети Спас.
Освен Заев на чествувањето на Гоце Делчев не се појави ни претседателот Стево Пендаровски.