Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 399 прекршоци, соопштија од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.