Претседателот на СДСМ Зоран Заев синоќа на ТВ соочување на националниот сервис, на Христијан Мицкоски лидер на ВМРО – ДПМНЕ, му подари знамиња на НАТО и ЕУ, како и програмата на СДСМ со негов потпис.

– Бидејќи ова е наше последно соочување, би сакал да остане запаметено. На Мицкоски му подарувам три подароци. Едно македонско знаме, да си ја сака татковината повеќе, и да остава простор за добра иднина на оваа наша татковина. Едно знаме од НАТО, успеавме да станеме членка на НАТО. И едно знаме на Европската унија, која е наша заедничка цел, на целиот народ. Имаме преговарачка рамка, ќе ја донесеме Европската унија, а ние ќе станеме нејзина полноправна членка. Му подарувам и Програма  за да види што се можеме, рече Заев предавајќи му ги подароците на Мицкоски.