ГЕОРГИЕВ ЗА ПОЛИТИЧКАТА МАНИПУЛАЦИЈА: Клечеа, се сликаа со мене и ми викаа – Благој, една држава имаме, нема менување име на Македонија

/ 07.07.2020

Клечеше да се слика, ми викаше Благој какво менување на име, една држава имаме, име и е Македонија, објави на својот Фејсбук профил разочараниот Благојчо Георгиев, кој што беше учесник во Шарената револуција.

– Не постои роден човек да го промени името, а и ако има таков ние заедно пак ќе му станеме на протести. Го покрив со македонското знаме со верба дека навистина ќе ја штити Македонија и македонскиот народ. А татко ми стоеше до мене држејќи ги македонските знаменца… Но, за жал се било собирање на политички поени. Извини тато, извинете македонски народе, простете ми ако можете, бидејќи мене ме манипулираа, а преку мене изманипулираа многумина граѓани, објави Георгиев.


Од истата категорија