Денеска од СДСМ помпезно беше најавена нова странска инвестиција. Проблемот е што опозицијата тврди дека компанијата од пред некој месец е пред банкрот.

Станува збор за американската „Дура Аутомотив Системс“ која ќе реализира нови инвестиции во земјава со отворање две фабрики во ТИРЗ Скопје 2.

„Во двете фабрики со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за потребите на најголемите светски автомобилски компании“, нагласи Заев, додавајќи дека со овие инвестиции „Дура Аутомотив Системс“ ќе има три свои погони во земјава.