Владата на Зоран Заев најостро ги демантира манипулациите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со големата инвестиција на компанијата ДУРА.
„Не се точни и целосно се манипулативни изнесените информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ во кои се вели дека ДУРА била банкротирана компанија. ДУРА е компанија гигант која своите операции во Северна Македонија ги извршува преку британска холдинг подружница и во земјава веќе има оперативна фабрика во која ќе бидат ангажирани 1000 вработени.
За повеќе информации и факти јавноста ќе биде информирана и директно од компанијата ДУРА.
Владата апелира до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи економските политики кои вработуваат македонски граѓани и да не штети на имиџот на инвеститорите преку ширење дезинформации.
Влада на Република Северна Македонија“