Скопскиот портал Курир пишува дека според неформалните сознанија што ги имаат, Зоран Заев нарачал анкета на една национална телевизија која ќе биде објавена овие денови.

Според наши добро упатени извори, пишува Курир, Заев нервозен поради последователните анкети каде што ја губи довербата кај граѓаните нарачал анкета каде води најмалку 1 процент.

Со оваа анкета според изворот на Курир, Заев сака да го мотивира членството пред изборите кои ќе се одржат на 12 април идната година.

Според неколкуте последни анкети, ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред СДСм со неколку проценти.