Денес, 100 дена по изборот на Владата, гордо изговараме дека овие три месеци бевме тука за и со граѓаните, целосно посветени на грижа, одговорност и сигурност. Успешно справување со КОВИД-пандемијата, нова енергија и решителност за подинамичен економски раст и одржлив развој, ефикасна правна држава и силни инстиуции, модерно образование и внатрешна кохезија, активно членство во НАТО и силна волја за успешен почеток и завршување на преговорите за ЕУ, остануваат наши клучни приоритети, рече премиерот Зоран Заев во отчетот за сработеното.
Како што истакна Заев на онлајн прес-конференција, Владата останува на утврдениот стратешки колосек.
-На 31 август, во обраќањето во Собранието, реков дека во владината програма е вградена нашата силна определба и политичка волја за континуитет во спроведувањето на заедничките стратешки приоритети. Испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ. Ќе продолжиме со реформите со силен интензитет. Наша обврска е да ги спроведуваме европските стандарди дома. За нас нема друг пат, нема друга алетрнатива и нема откажување. Продолжуваме како и во првите 100 дена, заедно со граѓаните, со грижа и одгов орност обезбедуваме сигурност, напомена Заев кој ги презентираше и планираните проекти, како и пресекот за нивна реализација.
Потсети дека беа организирани успешни, фер и демократски избори на кои граѓаните ја избраа европската опција. Во овој период, рече, главен предизвик е справувањето со КОВИД-19 и тоа ги одбележа првите 100 дена од работењето на Владата. Поради тоа, рече Заев, за да се насочат сите ресурси кон заштита на граѓаните, се реорганизира раководењето со државата.
Според претседателот на Владата, се комплетира системот на ефикасни и силни инстицуиции, а енергетиката, дигитализацијата и останатите модерни технологии се иднината на развојот.
Законот за попис, најави, можеби уште денеска ќе биде даден на усвојување на пленарна собраниска седница.
-Граѓаните бараат попис, на државата тоа и треба и ние ќе го обезбедиме. Пред 100 дена најавив и дека влегуваме во време на правда, ред и дицсплина, во неселективно вледеење на правото и еднаквост пред законите, истакна Заев.
Според премиерот, веќе се аплицираше за набавка на вакцини преку ковакс системот, се донесе четвртиот пакет економски мерки вреден 470 милиони кој заедно со претходните три сета од 550 милиони изнесува околу едена милијарда евра – средства насочени кон граѓаните и стопанството за стабилна одржливост на економијата и потенцијал за ревитализација. Владата се обрвзува, подвлече Заев, и на силна, бескомпромисна борба за здрава животна средина.
Се осврна и на проблемот со Бугарија, нагласувајќи дека нашата држава нема ни најмала вина за оваа ситуација.
-Застанавме цврсто на позицијата дека македонскиот индентитет е невозможно да бдие предмет на преговоори. Никогаш нема да се откажаеме од нашето право на самоопределување. Нема да дозволиме ова да предизвика застој на внатрешните реформи, напротив, ќе го засилиме темпото, подвлече премиерот.
За сработеното во првите сто дена од мандатот што го доби Владата по предвремените парламентарни избори на 15 јули годинава, на онлајн настанот „100 дена со граѓаните! Грижа. Одговорност. Сигурност.“, освен премиерот Заев, ќе зборуваат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, како и вицепремиерите за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и за европски прашања Никола Димитров. На настанот се присутни и останатите министри во Владата.
Актуелниот владин состав беше избран во Собранието на 30 август.