Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека „имаме предност што се уште немаме вакцини“ и рече дека попишувачите ќе бидат во приоритетните групи за имунизирање откако на 28 март во Скопје ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на АстраЗенека преку Ковакс системот.

-Ќе биде исполнето барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и попишувачите ќе влезат во првата категорија на граѓани кои ќе се вакцинираат со дозите кои треба да се примат само еднаш. Информацијата ја знаевме два -три дена пред да објавиме, тоа е првиот чекор на масовната имунизација, се прима една доза, овие денови и другите количини ќе пристигнат по други механизми за рамноправно покривање на теренот. Можевме да согладаме предност и слабости од земјите пред нас, а вакцините се здрави и час поскоро ќе ја победиме оваа грозна пандемија, рече Заев денеска во Делчево.

На новинарско прашање дали очекува отпор за вакцинирање со вакцината на АстраЗенека тој кажа дека очекува масовно прифаќање на вакцините во Македонија.

– Има една предност што сме земја со задоцнување со вакцините, земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности или слабости и сите можеме да заклучиме дека вакцините се здрави, истакна Заев.