Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, по вечерашата седница на Централниот одбор изјави дека верува оти нема вмешаност кај високи функционери на СДСМ со аферата Рекет.
Тој ова го изјави на новинарско прашање зошто во новиот потпретседателски состав на СДСМ ги нема досегашните потпретседатели, пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.
Заев повторно нагласи оти верува дека во Рекет нема вмешани луѓе од СДСМ, а ако за некого има докази, секој треба да си одговара.
– Реков, ако некој биде осомничен партијата ќе постапи принципиелно, верувам дека никој не згрешил. Одлуките се донесени од порано, тие остануваат во партијата. На Ременски и Кирацовски им заврши мандатот, тие се членови на ЦО, а Ременски е на Извршниот одбор, изјави Заев.