Како што наведува, земјава со Пендаровски добива лидер кој се приклучува во водството напред.
Заев му изразува поддршка на Пендаровски и најавува дека заеднички, ги чека многу работа, а одговорноста е голема.
-Денеска нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денеска Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот, пишува во честитката.
Според премиерот, граѓаните потврдија дека мора да се продолжи напред, преку заедништво.
– Драг Стево, нека е честито. Успеавме. Граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава. Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе, и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ, наведува Заев.