Откако го потпишавме Договорот со Бугарија, имаме раст на трговската размена од 8,2 отсто во 2018, како и раст на извозот од 4,1 отсто во 2019 во периодот јануари-мај, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Договорот за пријателство со Бугарија беше потпишан на 1 август 2017 година, а Заев, заедно со бугарскиот премиер Бојко Борисов на почетокот на овој месец ја одбележаа двегодишнината од потпишувањето на Договорот.