Медицинскиот канабис е огромен потенцијал за здравствени цели и за економски развој и за оваа опција има поддржувачи од различни партии, повтроно вечерва потенцира премиерот Зоран Заев.

Со измените во Законот за опојни дроги се предвидува 20 %, наместо 10, од данокот на добивка, да одат на децата со ретки болести, за поддршка на здравствениот систем, за поддршка на спортот, културата, на граѓанскиот сектор и за медицински потреби.Во наредниот период дебатата во јавноста ќе биде отворена, треба да го искористиме овој сериозен економски потенцијал. Во смисла на декриминализацијата, потребно е да се сменат Закони, дел од Кривичниот закон, делот за опојни дроги. Тоа ќе го отвориме во првата половина на 2021 година и генерално реакциите за ова прашање се позитивни, објави Заев на својот профил на Фејсбук.

Заев подолг период и во повеќе наврати го потенцира значењето на легализацијата и декриминализацијата на марихуаната во Македонија.