Што да се каже за човекот под чија команда се шмирглаше македонското и од канализациските шахти, кога сега, пред избори, ни продава патриотштина?
Одлучете сами за човекот кој е бивш премиер, на прекрстена Македонија, бивш кандидат за Нобелова награда, бивш градоначалник и актуелен политичар на привремена „македонска патриотска работа“ пред избори.
– Го поздравувам возобновувањето на вечерните курсеви по македонски јазик на Школата за словенски и источноевропски студии при Универзитетскиот Колеџ во Лондон (UCL-SSEES). Министерот Арбер Адеми во посета на Библиотеката предаде донација на книги на македонски јазик од македонски автори, со цел пристап на студентите до повеќе информации за македонската историја, традиција и култура. Ѝ благодарам на амбасадорката Александра Миовска за нејзините заложби. Од огромно значење е афирмацијата на македонскиот јазик и во земјава и во странство, постира бившиот!
Уф, каков патриотски статус на Фејсбук. Простете, станува збор за Зоран Заев!
(Д.Г.)