Факт е дека во приказната на Пинокио колку повеќе лажел толку му бил поголем носот, но исто така е факт дека на бившиот премиер Зоран Заев носот му остана ист и по неговата позната „историска“ изјава:

– Додека го дишам овој македонски воздух, и додека ме држи памет, нема промена на името на Република Македонија, рече Заев од Северна.

Факт е дека оваа фотографија може да се нарече „Нос и микрофон“, „Игра со сенки“, „Пинокио и премиерот“… факт е дека може бесконечно да се редат имиња на истата.

И само уште еден факт, овој е од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска:

– Факт е дека лажните вести се инструмент со кој некои структури, некои луѓе, некои партии, сакаат да ја уништат слободната мисла, вели Шекеринска во својата објава на Фејсбук.

Доволно факти за да се види дека во Македонија навистина има лажни вести. Но, и фактот кој ги шири.

(Д.Г.)