НАТО е реформи. НАТО значи и владеење на правото, НАТО значи и успешна борба против криминалот и корупцијата. НАТО значи економски реформи во државата, но и подготвеност на нашата Армија, вели експремиерот Зоран Заев.

Тој во документарниот филм „Патот до НАТО“ подготвен од Нексус нагласува дека со членството во НАТО, но и решавањето на спорот за името со Грција придонесе за земјите од регионот, особено Македонија и Грција, од политички непријатели да станат соработници.

-Решавањето на проблемот со името, преку Преспанскиот договор, постигна мулти-ефекти. Тие мулти-ефекти беа веднаш видливи со членството во НАТО. Во таквите мулти-ефекти веднаш се случија економските придобивки меѓу С. Македонија и Грција. Веднаш се отвори целиот регион во форма на пријателство – наспроти непријателство кое што постоеше, макар и политичко помеѓу сите земји овде на Балканот, истакнува Заев.

Експремиерот додаде дека Грција од еден политички противник, денес испорачува гаранци иза безбедноста на македонското небо, а со тоа и за целокупната безбедност на земјава и целиот НАТО регион.

-Решавањето на проблемот со името, преку Преспанскиот договор, постигна мулти-ефекти. Тие мулти-ефекти беа веднаш видливи со членството во НАТО. Веднаш се отвори целиот регион во форма на пријателство – наспроти непријателство кое што постоеше, макар и политичко помеѓу сите земји овде на Балканот. Така да, Грција, од еден политички противник со проблем, денес испорачува гаранции за безведноста на македонското небо, нагласува експремиерот Зоран Заев.

Според него, по потпишувањето на веднаш се случиле економските придобивки меѓу Македонија и Грција и се постигнало политичко пријателство меѓу земјите на Балканот.

-Важноста на придобивката дојде за нас од тоа што најмногу го посакувавме, а тоа е впишувањето во ОН, конечно со нашето уставно име. Ние бевме со референца, Поранешна Република. Не бевме ништо, Обединетите Нации во кои што членуваат преку 190 земји од целиот свет, ние бевме со референца, рече Заев.

Тој потенцира дека со членството во НАТО се подигнале дигнитетот и стандардот на професионалните војници.

-Ако претходно на оглас за 200 војници се пријавуваа 50 до 70 кандидати, денес за 200 места се пријавуваат 2000 кандидати, затоа што стандардот им е повисок, соодветно се опремени и облечени, имаат соодветни тренинзи, севкупниот дигнитет на професијата професионален војник е подигнат, оценува Заев.

Според него, убаво е и чувството на војниците кои учествуваат рамо до рамо со сојузниците во мировните мисии.

-Тоа е нешто што за секој еден поединец, веројатно така и за нашите војници, останува траен животен печат со кој што можат да се пофалат на внуци, на деца во иднина за нивото лично искуство, вели поранешниот премиер Заев и додава дека нашите војници денес учествуваат во вежбите на НАТО, учествуваат во најмодерните академии и школи и, како што потенцира, придонесуваат за светскиот мир.