Гасоводната делница Скопје-Тетово Гостивар  во должина од 86 километри заклучно со  септември е реализирана на ниво од 66  проценти, со проценки дека целосно ќе биде завршена во втората половина на  идната година, вклучувајќи  ја изградбата на мерните станици и краците кон градовите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, при увид на градежните активности на терен.

Магистралниот гасовод Скопје-Гостивар – Тетово, потенцираше, е дел од изградбата на преносниот систем за гас на целата држава како еден од првите приоритети на Владата од посебен  и исклучителен интерес за граѓаните и стопанството

Без разлика на тоа што заради последиците од пандемијата со Ковид 19 и изведувањето на работите е забавено, како што рече Заев, целосно се завршени работите на гасната магистрала од Клечовце до Неготино во должино од 96 километри,  додека делницата Неготино – Прилеп – Битола, долга 92 километри, во септември беше комплетирана до 92-от километар.

– Овој магистрален гасовод со сите придружни елементи очекуваме да го комплетираме до вториот квартал на 2021 година. Оваа динамика на градежни работи веќе го прави многу блиску гасот до индустријата и до граѓаните, рече Заев.

Следува фаза, посочи тој, кога ќе треба да се определат операторите на секундарната и терцијарната мрежа коишто ќе обезбедат пренос и приклучок по ниски цени достапни за граѓаните  и стимулирачки за индустријата. За таа цел беше објавен повик за воспостваување јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување  и развивање на дистрибутивникот систем на приоредн гас. Во тек е евалација на пријавите за учество заедно со консултантите од ЕБОР за проверка на нивните капацитети согалсно критериумите на повикот.

Премиерот потенцираше дека од наша страна со интерконекторот со Грција државата ќе обезбеди стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени.

– Од земја која беше ставена да биде зависна од само еден коридор Македонија денеска е земја интегрирана во енергетски проекти и вклучена во иницијативите за енергетско поврзување кои отвораат широки  перспективи за брз економски развој и за стабилно снабдување на граѓаните со евтин и еколошки енергенс како што е гасот, рече Заев.

Како што дополни премиерот, еден дел од тие перспективи е токму постоењето на точката на новиот интерконектор со Косово што продолжува преку Косово, Црна Гора и понатаму.

– Ќе бидеме преносен систем и за други  држави што секако ќе влијае многу на поволноста на цената за крајните консументи, рече Заев.