Македонија се вклучува во транс атланскиот гасовод попознат уште како ТАБ. При денешната посета на Грција Заев оставил средба со првиот човек на Гастрејд каде бил изразен взаемниот интерес земјава да се вклучи во изградбата на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција во близина на границата со Турција, објави Канал 5. Овој терминал е нова независна точка за снабување со природен гас кој доаѓа од Азербејџан единствената земја на Каспиското Море која не е под руско, туку под американско влијание.
Со покажаниот интерес, за кој од конзорциумот „Гастрејд” изразија поддршка тоа да биде остварено, Република Македонија ќе биде дел од проектот за изградба на пловна станица на 17 километри од Александрополис за привремено складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од 170.000 кубни метри и можност за снабдување со природен гас од над 5,5 милијарди кубни метри.
Според експертите добро е земјава да има можност да има избор при снабдувањето со овој значен извор на енергија особено што последниве седум години интензивно се работи на поврзување на што поголем број стопаснки објкекти и домаѓинства на гас.
Со овој проект за земјава се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас од две страни. Покрај постојната врска со рускиот гас кој сега ни пристигнува преку Бугарија сега земјава ќе има и друга можност за снабдување со природен гас од Азербејџан кој е единствената про западна земја во регионот. Овој гасовот тргнува од Азербејџан, преку турција, грција и албанија треба да заврши во италија од каде европа има намера да ја намали зависноста од рускиот гас кој сега е доминантен снабдувач.