Што да свикам лидерска средба за што, изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој вчера објави дека тој ќе свика лидерска средба пред Нова година, ако тоа не го стори претседателот Стево Пендаровски.
Заев денеска информира дека нема намера да свика лидерска средба. Тој истакна дека и нема да дозволи лидер на партија да го понижи претседателот Пендаровски, откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски соопшти дека нема да присуствува на лидерска свикана од Пендаровски.
– Претседателот на државата е врв на политичката пирамида и треба сите да го почитуваме. Секогаш во својте настапи се водел од својата неутралност. Не е соодветно некој вака да се постави спрема претседателот. По мојата намера да објавам дека ќе свикам лидерска за Бугарија за се што се разговараше , кои се причините зошто се случи ова, дефинитивно добив реакција од Фејсбук објавена од шефот на опозицијата дека „ќе се разговара за техничка влада, за неспособноста на владата, за неуспехот со Бугарија“. Што да свикам лидерска средба за што. Јас не се согласувам воопшто со овие прашања. Владата покажа пример на пријателство имаме црвени линии. За жал не успеавме да ја добиеме првата меѓувладина конференција. Успешно се справуваме со ковид кризата. Ќе барам други алатки на информирање на јавноста. Колку и да е неразумно, хистерично и неодговорно, би кажал и дека е забегано, рече Заев.