Премиерот Зоран Заев денеска го посети Пустец, каде донираше дидактички средства и книги за тамошните ученици. Општината Пустец во Албанија и Македонците кои таму живеат, Заев обилно ги (зло)употребуваше во кампањата што ја водеше во рушење на „режимот на Груевски“, додека беше во опозиција.
Но, сега Заев во Пустец е како добротвор. Тој таму соопшти дека за училиштето во Пустец биле обезбедени 30.000 евра собрани од донации за уредување и изградба на спортски терени во училиштето, од кои дел се донирале денеска, а дел ќе бидат дадени во февруари.
На новинарско прашање околу односите со Бугарија, како што пренесува Топ чанел, Заев рекол дека се работи на отстранување на проблемот за кој „не знаеме што е проблемот“.
-Ние не се откажуваме од нашиот македонски идентитет и Бугарија нема причина да покренува други претензии. Ние сме пријателски земји и треба да се помагаме, за да одме напред и целот Балкан да оди напред, рекол Заев.
Според Топ чанел телевизија, неотпочнувањето на преговорите со ЕУ, тој го оценил како разочарување од ЕУ, бидејќи, како што рекол и Албанија и Македонија ги заслужија преговорите.
-Добивме едно големо разочарување и тага од ЕУ, но двете држави треба да работиме за да го продолжиме европскот пат, зашто друга алтернатива немаме. Ние сме пријателски земји и се надевам дека така и ќе останеме. Пандемијата донесе проблеми,но ние одиме напред кон интеграцијата. Имаме заеднички патишта кон ЕУ. Скопје и Тирана ги заслужија преговорите, рекол Заев.
Меѓу другото додал дека со своте соработници денеска донрале книги за да може децата тука да учат на мајчин јазик.
-Ние денес донесовме книги за да им помогнеме на учениците. Во Северна Македонија Албанците учат на албански. Истото тоа го гледаме во Албанија, каде во областите каде живеат Македонци се учи на македонски јазик. Албанскиот е втор службен јазик во С. Македонија. Нашата Влада донираше за да се изгради училиштето, но, ќе прави и други вредни работи за заедницата,рекол Заев, пренесува агенцијата Балкан веб.
Со Заев во Пустец бил Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник од оваа партија во албанскиот Парлемент.