Премиерот Заев денеска во Охрид изјави дека контактирал со Џезаир Шаќири-Хоџа кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет, пренесенува Телма.

-Шаќири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата – истакна премиерот Зоран Заев.